Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени директорот на одделот за контраразузнавање на Службата за безбедност, Александар Руснак.
Во указот потпишан од Зелнски не се споменува причината за смената на Руснак.
Руснак функцијата директор на одделот за контраразузнавање ја извршуваше од септември 2019 година.
Зеленски на 26 ноември изјави дека бил предупреден дека во тек се подготовки за државен удар, што би требало да биде извршен на 1 декември.
Украинската служба за безбедност денеска најави истрага за подготовките за можен државен удар, кој наводно го планираат група Украинци и Руси.