Полицијата денеска почна да го отстранува кампот во близина на северното француско пристаниште Данкерк, каде што се собираат голем број мигранти кои бегаат од војна, сиромаштија и политички прогон на Блискиот Исток, во обид да стигнат до Велика Британија.

Западните медиуми пренесуваат дека вооружени полицајци влегуваат во кампот, кој се протега долж старата железничка линија, а работници во заштитни одела почнале да ги отстрануваат шаторите и пластиката.

Минатата недела во Ламанш се удавија 27 мигранти кои се обиделе со брод од Франција да пристигнат во Велика Британија.

Мигрантите обично се транспортираат во центрите за притвор низ целата земја, каде што можат да поднесат барање за азил, иако многумина брзо се враќаат на брегот на Ламанш.