Изградбата на новата детска градинка во валандовското село Јосифово, влезе во завршна фаза. Објектот, посочи валандовскиот градоначалник Перо Костадинов, се гради по највисоки европски стандарди и ќе ги прифати сите деца од претшколска возраст од населеното место затоа што детската заштита од секогаш била врвен приоритет на општина Валандово.

– Инвестираме континуирано во реализацијата на граѓанските приоритети, особено во подобрување на условите во детската заштита,затоа што со неа градиме здрава иднина и се зафаќаме со најголемите предизвици во заедницата, рече Костадинов.

Градоначалникот Костадинов најави дека ќе продолжат напорите за обезбедување средства за изградба барем на уште една градинка која со постоечките во Валандово и Брајковци,како и новата во Јосифово чија што изградба е при крај, ќе ги задоволат потребите за згрижување на сите деца од бојмијскиот регион.