Српскиот помошник министер за здравство за инспекциски работи Горан Стаменковиќ изјави денеска дека минатиот месец се извршени над 100.000 инспекциски контроли во врска со мерките против епидемијата на коронавирус во Србија, а за непочитување на законот се напишани 1.400 налози за казни во вкупна вредност од околу 50 милиони динари.
Стаменковиќ за РТС изјави дека бројот на изречени казни е нешто помал од октомври, кога казните на комуналната полиција и комуналните инспекции за непочитување на мерките изнесуваа вкупно 82 милиона динари.
Запрашан дали инспекциите затекнале со фалсификувани сертификати за вакцинација при контрола на угостителските објекти по 20 часот, Стаменковиќ одговори дека „се шират шпекулации за фалсификување на такви документи, но инспекторите досега не го навеле тоа“, јави Бета.
Стаменковиќ додаде дека инспекцијата изрекла итни мерки на аптека во Белград поради производство и продажба на лекот „Ивермектин“, кој, како што истакна, „не е за човечка употреба“.