Модернизацијата на Армијата на Србија со новата техника ќе го надмине прагот на трошоци од две милијарди евра, според досега потрошените пари од 2016 година и планот за следната година, објави порталот Балканска безбедносна мрежа.
„По долга серија сушни години со скромни трошоци за набавка на Армијата на Србија, во декември 2016 година започна брз процес на модернизација. Во периодот до 2020 година, потрошени се 977,38 милиони евра според завршните буџетски сметки за економската класификација поврзана со технологија“, се наведува во текстот.
Порталот наведува дека станува збор за класификација 512, што се однесува на набавка на нови средства за воена опрема, средства за комуникација, наменски системи за разузнавачко-безбедносни работи и модернизација и генерален ремонт на оружје.
„Со големи инвестиции во воздухопловните сили почнато е на крајот на 2016 година. Со Русија беше договорена програма за добивање на шест авиони МиГ-29 од донацијата, работа на нив и продолжување на животниот век на четири авиони наследени од СФРЈ, се вели во соопштението.
Според наводите на порталот, во 2017 година набавките се зголемени на 63,4 милиони, а во 2018 година драстично се зголемени на 220,45 милиони евра.