Експлозија се случи во близина на фреквентна железничка станица во германскиот град Минхен, соопшти полицијата. Експлозијата се случила за време на градежни работи во близина на станицата Донерсбергербрике.

Се уште нема информации за евентуални жртви, соопшти полицијата во Минхен. Службите за итна помош се на местото на каде се случи инцидентот.Во прекин е железничкиот сообраќај. Засега нема опасност надвор од непосредната околина, соопшти полицијата.