Време е Европската унија да „размисли за задолжителна вакцинација” против Ковид, изјави денеска шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека владите на земјите-членки ќе одлучат за тоа.
„Како можеме да поттикнеме и потенцијално да размислуваме за задолжителна вакцинација во Европската унија? За ова треба дискусија. За ова треба заеднички пристап. Но, тоа е дискусија што мислам дека треба да се води”, додаде Фон дер Лајен.
Taa нагласи дека една третина од популацијата на ЕУ од 450 милиони се уште не е вакцинирана.