Белорускиот претседател Александар Лукашенко го призна анектираниот украински црноморски полуостров Крим за руски, првпат по долг период на воздржаност, јави ДПА.

– Крим е … де факто руски Крим, рече Лукашенко во интервју за руската државна агенција Риа Новости, чии извадоци се објавени денеска, пренесува германската новинска агенција..

– По референдумот, Крим стана и де јуре руски, рече 67-годишникот, мислејќи на контроверзниот референдум во 2014 година, по кој Русија го анектираше Крим и покрај острото противење на меѓународната заедница.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека „ништо не треба да се направи и не треба да се носат закони“ за признавање. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, од друга страна, рече дека дејствијата на Лукашенко се она што е важно – и го предупреди Минск во случај на официјалното признавање на Крим за руски.