Русија денеска од Авганистан извелече повеќе од 200 лица, јави ДПА, додавајќи дека покрај патниците од Русија и Киргистан, во трите руски авиони имало и авганистански студенти кои студираат на руските универзитети, соопшти руското Министерство за одбрана.
Авионот „Ил-76“ требаше да слета на воен аеродром во близина на Москва, откако претходно застана во централноазиските поранешни советски републики Таџикистан и Киргистан.
ДПА пренесува дека рускиот претседател Владимир Путин кон средината на ноември ги нареди последните руски летови за евакуација од Авганистан.
Откако тврдокорните талибанци ја презедоа власта во август, хуманитарната ситуација во Авганистан е катастрофална.
Русија, исто така, е загрижена за безбедносната ситуација меѓу нејзините централноазиски сојузници кои се граничат со Авганистан.