Владата на Литванија денеска соопшти дека ќе побара од Парламентот Владата на Литванија денеска соопшти дека ќе побара од Парламентот да прогласи вонредна состојба на границата со Полска.

Одлуката треба да стапи на сила на 10 декември, а целта е да се спречи криумчарење мигранти.

Полска е единствената точка каде што нема проверки на меѓудржавната граница при одење од Литванија и Латвија кон Германија, каде што во претходните недели пристигнаа бројни мигранти од Белорусија.