Претседателот на Бугарија Румен Радев во своето обраќање рече дека надежите за новиот парламент се огромни и потсети дека за прв пат во една година по трет пат се формира нов парламент. Бугарското општество му рече не на авторитаризмот.
Радев му предложи на новиот парламент да го разгледа буџетот од техничката влада. Консензус за бугарската надворешна политика во кој сите институции се повикани да го почитуваат националниот интерес. Според претседателот Радев, важно е бугарската дипломатија да биде во рацете на професионалец од кариера. Потребен е консензус за сите важни надворешнополитички прашања, особено кога е во прашање бугарскиот идентитет, „како и историјата, културата и правата на нашите сонародници во странство.“ Радев најави дека претседателската институција е отворена за дијалог за сите важни надворешни политики прашања.