Норвешката министерка за надворешни работи Аникен Хуитфелд во интервју за весникот ВГ изјави дека новата влада на земјата е за ограничување на движењето на сојузниците на Осло во НАТО во близина на границите на Русија.

– За Норвешка е важно да има воено присуство во областите блиски до нас. Но, мислиме дека ќе биде подобро ако се снаоѓаме сами во непосредна близина на руските граници – со помош на норвешки авиони и фрегати, истакна Хуитфелд.

Шефицата на норвешката дипломатија нагласи дека планира да разговара за ова прашање со Велика Британија и САД, додавајќи дека ќе дејствува во интерес на својата земја.

Истовремено, Хуитфелд оцени дека сегашното присуство на американските сили во областа во близина на границата со Русија не е поголемо отколку во другите периоди од „повоената ера”.