Платите на политичарите во Австрија следната година ќе се зголемат за 1,6 отсто, објави ревизорската комисија.
Така пратениците од следната година ќе добиваат 9.376 евра бруто месечно, 148 евра повеќе од годинава.
Почнувајќи од нивните плати, платите на другите политичари се одредуваат според неколку скали на системот воспоставен во 1997 година.
Претседателот на Австрија е на врвот на таа пирамида со 25.357 евра, а со зголемувањето би добил 400 евра повеќе.
Примањата на канцеларот се 22.640 евра, 357 повеќе од претходно, вицеканцеларот 19.923 евра (плус 314).
Гувернерите на провинциите добиваат најмногу 18.751 евро (плус 295), додека според Законот за провинциските политичари е одредена само горната граница, за да може приходот да биде помал.
Следната година министрите ќе заработат 18.112 евра (плус 285), шефовите на пратеничките клубови 15.395 евра (плус 242), а претседателот на Парламентот 19.017 евра (плус 299).