Авион на Аерофлот мораше да ја промени висината за да не се судри о авион на НАТО.
Руски претставници изјавија дека инцидентот се случил над Црно Море кога авионот на Аерофлот летал од Тел Авив до Москва. Авионот, во кој имало 142 патници, морал да се спушти на 1.800 метри за да избегне судар. Тие тврдат дека не реагирал екипажот на авионот ЦЛ-600 на НАТО.
Северноатлантската алијанса се уште не го коментираше инцидентот.
Тензиите се зголемуваат, при што Украина ја обвини Русија за планирање напад, додека Москва тврди дека Киев се однесува воинствено.
Иако Украина не е сојузник на НАТО, силите на Алијансата често дејствуваат во областа од солидарност