Неколку стотици луѓе денеска во Париз протестираа поради претседателската кандидатура на екстремниот десничар Ерик Земур.

Протестот беше во организација на синдикатите, политички партии и здруженија.

Поранешен политички коментатор и телевизиски водител 63-годишниот Земур на 30 ноември најави дека влегува во трката за претседател на Франција и денеска го одржа првиот митинг во близина на Париз.

Земур, кој двапати е осуден поради поттикнување на расна омраза, тврди дека сака „да ја спаси Франција“ и нејзините вредности, кои според него, се под закана од мигрантите и од исламот.

Претседателските избори во Франција закажани се во април 2022 година.