Промените на правилата за патување дојдоа предоцна за да имаат влијание врз потенцијалниот бран на варијантата омикрон во Велика Британија, изјави научниот советник на британската влада Марк Вулхаус, пренесува Би-Би-Си.
Вулхаус истакна дека донесувањето на новите правила го потсетува на поговорката „ја затвори вратата од шталата откако коњот веќе избега”.
Тој нагласи дека, иако увезените случаи на варијантата омикрон се „важни”, локалната трансмисија во заедницата ќе биде двигател на следниот бран. Научникот додаде дека бројот на случаи на инфекција со омикрон во моментов е многу мал и оти смета дека ги има стотици „наместо илјадници”.
Промените во правилата за патување кои утре стапуваат во сила во вторник вклучуваат тестирање пред поаѓање за луѓето кои пристигнуваат во Велика Британија и ставање на Нигерија на црвената листа на земји.
Британскиот министер за здравство Саџид Џавид потенцираше дека мерките се привремени.
Вицепремиерот Доминик Рааб призна дека мерките може да „вознемират или да попречат” на некои луѓе, но инсистираше на тоа дека е правилно министрите рано да преземат „постепени чекори” за да избегнат „големи нарушувања” во туризмот и економијата.