Рускиот претседател Владимир Путин го повика шефот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Рока, да обрне внимание на однесувањето на Полска во ситуацијата со мигрантите, истакнувајќи дека во водата што се користи за одвраќање на мигрантите од граничната линија се додаваат хербициди.
-Треба да следиме што се случува на границата и што прават властите на соседната земја, во случајов Република Полска, веројатно на соодветен и највнимателен начин. Не може едноставно луѓето да ги полевате со вода и притоа во неа да мешате хербициди и пестициди, што врз мигрантите предизвикуваат изгореници и други сериозни последици, а тука се вклучени и жени и мали деца, рече Путин на средбата со првиот човек на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Рускиот претседател нагласи дека „тоа нема никаква врска со принципите на хуман однос кон мигрантите“.
Притоа тој додаде дека во контактите со своите европски колеги секогаш внимава на ваквиот свој став.