Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск, претпладнево ја заврши тридневната посета на Грција, а на атинскиот аеродром беше испратен од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на втората посета на Грција во изминатите пет години, папата Франциск одржа низа средби со грчкиот државен врв, со поглаварот на ГПЦ, го посети прифатниот центар за бегалци и мигранти на островот Лезбос, одржа миса во Атина, а рано утрово се сретна и поразговара со млади и ученици од грчко- француско основно училиште.

Во неговите говори во изминатите денови, папата детално говореше за актуелните предизвици, мигрантското прашање, климата, пандемијата, сиромаштијата, додека пак во обраќањето во претседателската палата, во саботата, во присуство на претставници на грчкиот државен врв ја изрази неговата почит за Договорот од Преспа.

Од островот Лезбос и прифатниот центар, каде што разговараше со бегалци и мигранти, порача да не дозволиме Медитеранот од „нашето море (mare nostrum) да се претвори во пусто море на смртта (mare mortuum)“ и повика да го запреме „бродоломот на цивилизацијата“.

Папата во Грција пристигна од Кипар што беше негово 35-то патување во странство од неговиот избор во 2013 година.

Последен пат во Грција беше во април 2016 година, кога го посети островот Лезбос, а сегашната посета беше 20 години по првата посета на земјата на поглавар на римокатоличката црква.