Европската унија соопшти дека едногласно ја осудува одлуката на судот во Мјанмар со која се изрекува затворска казна за Аунг Сан Су Ли и Мио Анг.

Нобеловката за мир и поранешна премиерка на Мјанмар е осудена, заедно со градоначалникот Мио Анг, на четири години затвор од страна на хунтата која повторно дојде на власт во оваа земја.

За Европската унија судењето против Аунг Сан Су Чи било политички мотивирано и претставува “уште еден чекор кон уривање на владеењето на правото и натамошно брутално нарушување на човековите права во Мјанмар“.

-Европската унија силно ја осудува оваа политички мотивирана судска одлука која претставува нов чекор назад за демократијата во Мјанмар од воениот удар на 1 февруари 2021, изјавија од Советот на ЕУ.

За Унијата овие процедури имаат за цел да ги исклучат од сите процеси демократски избраните лидери.

-Акциите на војската покажуваат целосен презир кон волјата на народот изразена јасно на изборите во ноември 2020, смета ЕУ.

Откако хунтата насилно ја презема власта во Мјанмар протестите се множат, како и апсењата и затворските казни за демонстрантите.

-Европската унија повторно итно повикува веднаш и безусловно да се ослободат сите политички затвореници и сите уапсени на арбитрарен начин откако се случи воениот удар.