Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и амбасадорот на САД, Ентони Годфри денеска присуствуваа на промоцијата на првата Национална платформа за вештачка интелигенција во Република Србија во државниот Центар за податоци во Крагуевац.

Таа платформа е најсовремен суперкомпјутер со високи перформанси, подготвен да обработи огромна количина на информации за краток временски период. Благодарение на таа платформа, Србија е подготвена да направи нов чекор во процесот на дигитализација на општеството и да обезбеди алатка за уште побрз и посилен развој на истражувачка и иновациска заедница.

Србија со покренувањето на таа платформа влезе во 26-те земји кои имаат национална платформа за развој на вештачка интелигенција и е една од ретките кои имаат свој Институт за вештачка интелигенција.