Ноќните клубови во Франција ќе бидат затворени од петок – четири недели, во обид да се спротивставиме на порастот на случаи на заразени со ковид-19 особено кај младите луѓе, изјави премиерот Жан Катекс.
– Построго социјално дистанцирање и продолжена употреба на маски за лице, исто така, ќе бидат потребни во училиштата бидејќи Франција се соочува со петти бран случаи на заразени со вирусот кои повторно ги полнат болничките кревети, додаде Катекс.
Во Франција досега се идентификувани 25 случаи на варијантата Омикрон. Министерот за здравство, Оливие Веран рече дека 21 случај биле увезени од луѓе кои се враќале од земјите во јужна Африка, а четири биле резултат на локална инфекција.
– Варијантата омикрон изгледа многу позаразна од варијантата делта, додаде тој.
Веран, исто така, рече дека Франција има за цел да започне да нуди вакцинација против Ковид-19 на сите деца на возраст од пет до 11 години од 20 декември.