Раководните органи на британскиот Парламент ќе повикаат полиција на увид, откако лондонските весници објавија дека на многу места во Собранието се пронајдени траги од кокаин. Претседателката на Собранието, Линдзи Хојл изјави дека ќе ја контактира полицијата откако „Сандеј тајмс“ објави дека во зградата на Парламентот има присуство на дрога.
Во извештајот на весникот се наведува дека тестовите за откривање дрога потврдиле траги од кокаин на 11 локации, каде пристап имаат само пратениците, вработените и новинарите, а меѓу локациите наводно е и тоалет во близина на канцеларијата на премиерот Борис Џонсон.
– НАВОДИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ДРОГА ВО ПАРЛАМЕНТОТ СЕ СЕРИОЗНО ЗАГРИЖУВАЧКИ И ЗА ТОА ЌЕ РАЗГОВАРАМ СО ГРАДСКАТА ПОЛИЦИЈА ОВАА НЕДЕЛА. ОЧЕКУВАМ ДА ВИДАМ ЦЕЛОСНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ, ИСТАКНА ХОЈЛ.
Портпаролот на премиерот, Макс Блејн, исто така, нагласи дека извештаите се „загрижувачки“.