Работилница „Услужен сектор и ЦЕФТА: Што обезбедува ЦЕФТА дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги“ ќе се одржи денеска во организација на Секретаријатот на ЦЕФТА во соработка со Стопанската комора на Македонија и Коморскиот инвестициски форум.

– Како трговски договор, ЦЕФТА значително ја подобри и поттикна трговијата со стоки на Западен Балкан, дејствувајќи како катализатор за иницијативи насочени кон продлабочување на економската соработка и создавање заеднички пазар на Западен Балкан, како што е т.н. Берлинскиот процес и иницијативата за отворен Балкан. ЦЕФТА Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги беше усвоен во 2019 година и стапи на сила на 11 јануари 2021 година. Овој документ го прошири принципот на слободна трговија во рамките на ЦЕФТА и на услужниот сектор, наведуваат од ЦЕФТА.