Белорусија соопшти дека воведува возвратни ограничувања за летови на авиокомпании од Европската унија и Велика Британија и оти забранува увоз на западни стоки од земјите кои и воведоа санкции.

Министерството за надворешни работи на Белорусија соопшти дека забраната за увоз е одговор на незаконскиот притисок на надворешните санкции насочени кон поткопување на суверенитетот на Белорусија и влошување на благосостојбата на белоруските граѓани.

Белоруската влада сè уште не објавила список на западни стоки чиј увоз е забранет.

САД, ЕУ и Канада минатата недела воведоа санкции за десетици белоруски функционери, организации и компании во исто време.