На брифингот со новинарите во Пекинг, Жао рече дека Кина се противи на бојкотот и дека ќе преземе „одлучни контрамерки".

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан денеска го оцени како „сплеткарење" на САД обидот за нарушување на Олимписките игри, потенцирајќи дека е осуден на пропаст и води до губење на „моралниот авторитет и кредибилитет".

На брифингот со новинарите во Пекинг, Жао рече дека Кина се противи на бојкотот и дека ќе преземе „одлучни контрамерки".

Американската администрација, предводена од претседателот Џо Бајден, одлучи дипломатски да ги бојкотира претстојните Зимски олимписки игри, чиј домаќин е Пекинг.

САД нема да испратат дипломати на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година (4 февруари – 20 февруари), соопшти Белата куќа. Како причина се наведува незадоволството од кршењето на човековите права во Кина, објави Вашингтон пост.

Дипломатскиот бојкот им дозволува на американските спортисти да учествуваат на Игрите, но САД нема да испраќаат официјални лица во Пекинг.