Американскиот претседател Џо Бајден има намера да разговара за „Северен тек 2“ со германскиот канцелар Олаф Шолц во контекст на ситуацијата околу Украина.
Ова го соопшти американската државна потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд во говорот пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот за време на сослушувањето за односите Вашингтон-Москва.