Социјалните работници во Франција стапија во штрајк низ целата земја во знак на протест поради недостигот на кадар и финансиски средства во нивниот сектор, јави Анадолија.
Централните протести се одржаа во центарот на Париз, а демонстрантите се собраа на метро станицата „Сен Жак“ и мирно се прошетаа до платото пред седиштето на француското Министерство за здравство.
Организаторите велат дека речиси 8.000 демонстранти се собрале на протестите.
Една од учесниците на демонстрациите, Одри Телиер, за Анадолија изјави дека работи во институтот ИМЕ, кој згрижува деца со аутизам и бара подобри услови за работа и зголемување на платата.
Протестите беа поддржани од бројни синдикати во Франција.