Фестивалот на староградска музика на албански јазик „Теута“ вечерва ќе се одржи во Центарот за култура во Тетово. Оваа музичка програма е дел од годишната програма на установата.
– Фестивалот „Теута“ е ексклузивен проект кој веќе има традиционален карактер со учествуво на музички виртуози од повеќе предели каде живеат Албанци. Оваа година учесници се претставници на Центар за култура Гостивар, Здружение за културно наследство и креативност „Прешево“, женски хор „Неџмије Пагаруша“ Приштина, Ансамбл „Бајрам Шабани“ Куманово и женска група „Теута“, информираат од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово.
Почетокот на фестивалот е предвиден за во 19 часот.