Со изведба на драмата „Претставата што тргна наопаку“ на Албанскиот театар од Скопје во режија на Агон Мифтари, вечер во Центарот за култура во Кичево, ќе биде спуштена завесата на театарскиот фестивал „Ускана фест“, кој се одржа по прв пат годинава.
-Со „Претставата што тргна наопаку“ во изведба на Албанскиот театар од Скопје, ќе се заокружи првото издание на театарскиот фестивал „Ускана фест“ во Кичево. „Претставата што тргна наопаку“ ги следи постапките на Политехничкото драмско друштво Корнли, кои се трудат максимално да стават на сцена изведба на едно мистериозно убиство. Како што може да се види и од насловот на приказната, ова и не толку лесно како што звуч, рече Рахим Рамадани организатор на фестивалот во Кичево.
На првото издание на Театарскиот фестивал „Ускана фест“, беа изведени шест театарски претстави од исто толку театри од Скопје, Тетово и од Куманово.