Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, потпиша пристапница и стана член на Општинската организација на Црвениот крст, ветувајќи учество во спроведувањето на активностите, пред сè од сферата на волотерството.

– Посебна чест ми е што станав член на организацијата на Црвениот крст во Дебар, со оглед на хуманитарната мисија на оваа организација, која се докажала во многу случаи кога се појавила потреба да им се помогне на луѓето во нашата општина. Ќе го искористам и моето искуство од хуманитарното здружение „Дрита“ за да бидам поактивен член, рече Дука.

На потпишувањето присуствуваа претседателот на организацијата, доктор Нехат Хиса и секретарот Исни Телќиу, кои му се заблагодарија на Дука за поддршката што и претходно ја давал за организацијата.

– Зачленувањето на таткото на градот во нашата организација претставува голема чест и поттик за поголема ангажираност, пред се во областа на волотерството, на кое му посветуваме посебно внимание. Моментно имаме 26 активни волонтери од различна возраст, кои многу придонесуваат во успешната реализација на многу активности, рече Телќиу.

Тој информираше дека во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на волонтерството – 5 декември, како организација реализирале работилници за популаризација на волонтерството.