На 8 декември 2021 во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 15.50 часот на 07.12 до 06.00 часот на 8 декември 2021 во продажен објект на ул.„Благоја Стефковски“ биле одземени пари од банкомат на една банка.
Според пријавеното, сторителот со употреба на сила влегол во објектот и со подесен алат го отворил банкоматот и одзел пари. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.