Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 24, 13 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 10 за возење повеќе од дозволената брзина.
Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возач почетник, шест прекршоци што ги чинат пешаците, 28 мерки за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.