Во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности “КААРТС” и Локалната установа Градски музеј Крива Паланка, кривопаланчани можеа да уживаат во звуците на некомерцијална и класична музика на два целовечерни концерти “Вечер на пјацола” и “Вечер на љубов и гитара”.
Настанот насловен “Есенски музички вибрации 2021” се одржа во Националната установа Центар за култура Крива Паланка.
-Оваа манифестација ја потврдува намерата на културните институции и здруженија од градот некомерцијалните типови музика да бидат присутни пред сладокусците за добра музика во градот. Иницијативата започна скромно во 2018 година, а веќе втора година по ред е дел од редовната музичка и културна програма на градот, што е потврда дека општината и културните установи во градот водат до долгорочни, одржливи и културни политики, информира Методи Цветковски од Центарот за Аудиовизуелни уметности КААРТС.
Концертот “Вечер на пјацоча” се одржа во петокот, а настапија Диана Мирчевска на виолина, Верица Ајтовска на виола и Иван Трајковски на пијано. Синоќа, пак, на концертот “Вечер на љубов и гитара” настапи “Трио шербет”: Марија Костовска, Ана Марија Блажевска и Теодора Ветероска.