Јавната библиотека од Гевгелија го збогати својот книжевен фонд за уште една книга од сопственото издаваштво која претставува стручна литература од областа на медицината.

Книгата насловена „Дијабетес мелитус“ како јавен здравствен проблем во општина Гевгелија,чии што автори се гевгелиските доктори Андон Мандиќ и Златко Трајков излезе од печат и веднаш е ставена на располагање и користење од страна на особено засегнатите читатели.

–Иницијативата за издавање на книгата произлезе од загрижувачките статистички податоци од Центарот за дијабетес кои говорат за сотојбата на населението во општина Гевгелија по однос на оваа болест,велат авторите.

Посочија дека токму поради големиот број заболени како и тие што сеуште не знаат дека се болни,во нивниот научен труд укажуваат на можните последици од болеста,на потребата од промена на начинот на живеење,начинот на исхрана,за значењето на физичката активност како и за превенцијата воопшто.

Проектот го подржа и општина Гевгелија преку програмата за финансирање на проекти од областа на културата за 2021 година.