На брифинг со новинарите, скопската градоначалничка Данела Арсовска рече дека нема услови за да го догради мостот на АСНОМ, бидејќи не се решени имотно-правните односи пред да почне реализацијата на проектот. Таа го обвини нејзиниот претходник дека ниту можел, ниту планирал да го заврши мостот, бидејќи прво требало да ги реши имотните спорови со жителите, а потоа да распише тендер и да почне со градење.

Мостот во Аеродром на крајот од булеварот „АСНОМ“ што требаше да поврзува три општини Аеродром, Гази Баба и Центар, Арсовска рече дека ќе служи за ловење риба. Арсовска вели дека за да се заврши мостот во Аеродром ќе бидат потребни десет години.

– Има 11 спорови, 25 предмети се во подготовка, а има и 44 барања за приватизација, од кои 16 се со кориснички права, вели Арсовска. Мостот ќе биде за ловење риба, додава Арсовска, затоа што тој постои, но нема каде да продолжи.

Според Арсовска, средствата од продажбата на Градска куќа се потрошени, а за веб страна на градот исто така се потрошени 65 илјади евра.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека тие немале договор со Алијанса за Албанците и Алтернатива, околу тоа „кој и колку претпријатија ќе земат“.

– Немавме договор со АА-ААА за тоа колку претпријатија ќе земат и земеме. Со претпријатијата на кои уште не сме ги смениле директорите ќе раководат квалитетни луѓе, а не партии. Уште немаме имиња. Извештаите на овие лица на претпријатијата не поминаа на совет. За нас е важно да ги направиме ревизиите, а детектирани се проблеми кои се евидентни. Во овој момент новите директории ќе направат видлива промена, рече таа