Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин денеска изјави дека еколошките протести се обиди за дестабилизација на Србија пред изборите во април.
– Само се баре причина за хаос. Ја повлековме полицијата од протестот, бидејќи полицијата не може да обезбедува ненајавени собири, а од нас (МВР) не беше побарана согласност, изјави Вулин на ТВ Пинк.