Шефот на кабинетот на претседателката на Косово, Блерим Веља денеска оцени дека Србија и Република Српска се алатки што Русија ги користи за дестабилизација на Западен Балкан.

Тој на Твитер напиша дека Русија му се заканува на НАТО дека ќе ја претвори Европа во област на воена конфронтација, пренесува Бета.

„Русија му се заканува на НАТО дека ќе го претвори европскиот континент во поле на воена конфронтација. Ова не ги загрозува само Украина и балтичките земји, туку и Западен Балкан. Србија и Република Српска се орудие на Русија за дестабилизација на регионот“, напиша Веља.