Лидерот на албанската опозициска демократска партија, Љуљзим Баша, ден по одржувањето на Народното собрание, свикано од него и референдумот за негово разрешување, што го организираше Сали Бериша, преку видеопорака порача дека демократите ја избрале иднината, а не минатото, мислејќи на Бериша.
-Она што се случи по 9 септември несомнено почна да не менува. И денес избираме да се смениме на подобро. Оти што ќе биде денес Демократска партија, утре ќе биде Албанија. Затоа, ова Собрание се одржа како свесен чин, на висока одговорност од страна на Демократската партија во зна чаен, суштински момент, наведува Баша.
Додава дека ПД првата опозициска партија, партијата на надежта на Албанците и без никаква дискусија „мораме да бидеме таму каде што треба да бидат и Албанија и Албанците, на природна позиција во западната цивилизација“.
-Ова вонредно Собрание го свикавме за да одлучиме појасно од кога било и сакав да слушнам повеќе од кога било од делегатите: Ќе ја избереме ли иднината? Дa, вели Баша.
Нa вчерашниот референдум за разрешување на Баша, „за“ се изјасниле околу 44 илјади демократи, од вкупно 75 илјади, додека пак Националното собранието донесе одлука со која Бериша е исклучен од сите партиски структури.
Внатрешните проблеми во Демократската партија се продлабочија откако Баша го исклучи Бериша од парламентарната група на ПД, по неговото прогласување за „нон грата“ од САД. По овој настан, поранешниот лидер на Демократската партија почна да одржува средби низ целата држава, а формира и Комисија за обновување на партијата.