Премиерот на Бугарија Кирил Петков ќе го прими грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кој е во посета на земјата на покана на неговиот бугарски колега, соопшти прес-службата на бугарската влада.
Бугарскиот премиер Кирил Петков во емисијата „120 минути” на бТВ, рече дека има желба во првата половина на јануари да се сретне со новиот премиер на Северна Македонија.
Планирам да одам во Македонија кога ќе го изберат и ќе ја договориме работата на овие групи. Сакам 5 групи – економија, инфраструктура, култура, евроинтеграции и историја. Сакам еднаш месечно да се состануваат, да не се состануваат во исто време, да има резултати од работата, нагласи Петков.