Косовската полиција изведе денеска обемна акција во општината Штрпце, во која уапси десет лица, за кои постојат сомневања дека извршиле кривични дела земање поткуп, давање поткуп и злоупотреба на службената положба, јави дописникот на МИА од Приштина.

Меѓу уапсените е и поранешниот градоначалник на Штрпце, Братислав Николиќ, објавија официјални извори.

Цел на акцијата, изведена по налог на Основното јавно обвинителство во Урошевац, е расветлување на кривични дела во врска со нелегални градби во Брезовица, на Шар Планина.

Телевизијата Клан Косово објави дека полицијата извршила претрес во станот на Николиќ и му запленила две луксузни возила.

Покрај Николиќ, уапсени се и директорот на Управата за урбанизам и други општински службеници, како и сопственици на неколку претпријатија