Македонскиот документарен филм Манастир Света Богородица Пречиста е на вечерашната програма на меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“. Онлајн проекцијата на документарниот филм со титл на англиски јазик е најавена за 21 часот.

-Манастирот „Благовештение на Пресвета Богородица“, познат меѓу народот како „Пречиста“ се наоѓа во градот Кичево. Завршен е со градба во 1320. година. Од манастирот „Пречиста“ датираат многу стари манастирски ракописи. Најважно иконографско дело e чудотворната икона на Пресвета Богородица. Секој кој пристапувал со вера, љубов и надеж кон чудотворната икона наоѓал исцеление…, истакнуваат во најавата за проекцијата организаторите на фестивалот „Богородичен покров“.

Едианесетминутниот документарен филм е по сценарио и режија на Оливер Ангелески, во продукција на FUN.

Фестивалот е поддржан од Вишеград фондот https://www.visegradfund.org.Се прикажуваат документарни и играни филмови посветени на културното и духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови од земјава, Русија, Србија, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Франција. Филмските проекции се бесплатни, а сите се преведени на македонски јазик. Програмата репризно ќе се прикажува од 1 до 16 јануари следната година