– Експлозија во возилото во кое се возеше претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков со сопатник. Несреќата се случила на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје Север, информираа преку социјалните мрежи од Стопанската комора за енергетика.
Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарна екипа веднаш реагираа, но не успеаја да го изгаснат пожарот на возилото „Мерцедес С 200“, црна боја. Возилото целосно изгоре за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи, се вели во објавата на официјалниот Фејсбук – профил на Стопанската комора за енергетика.
Подетални информации за несреќата и која е причината за експлозијата во возилото се очекуваат во текот на денешниот ден.