Доцна синојка, некаде околу 2 часот по полноќ, пожар и силни експлозии ги разбудија граѓаните на Центар кои живеат во близина на ТЦ Буњаковец.

Според неофицијални информации, станува збор за пожар кој избувнал во просториите на ЈП Улици и патишта кои се наоѓаат позади овој трговски центар а експлозиите најверојатно настанале поради струен контакт.

Засега нема информации за причинетата материјална штета.

Инаку, за неполни два месеци, ова е втор пожар во државна институција откако на 26 октомври изгореа бараките на поранешниот Суд за прекршоци во Градскиот парк, за кој се шпекулираше дека дел од архивата била уништена од пламените јазли.