Наградата „Бели мугри“ за млад автор дo 35 годинишна возраст Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје оваа година ѝ ја додели на авторката Славица Урумова – Марковска за поетскиот ракопис „Алфа и Омега“.

Книгата свечено ќе биде промовирана денеска од 12 часот на манифестацијата „Денови“ која Установата ја организира традиционално и е посветена на раѓањето на поетот Кочо Рацин.