Новата варијанта на коронаврусот „Омикрон“ е регистриран и во Албанија, каде се потврдени два случаи по испратените примероци за анализа во лабораторија во Германија.
Информацијата ја потврди Мира Ракацоли, претседателка на Националниот технички комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, додавајќи дека сепак во земјата поприсутна е варијантата Делта.
Според неа последната недела во просек дневно бројот на новозаразени изнесува 284 лица.
Додаде дека на денешната седница на комитетот ќе се направи анализа на состојбата, врз основа на што ќе се донесе одлука дали ќе има заострување на антитковид мерките.