Надбискупот од Вестминстер и поглавар на католиците во Англија и Велс ја повикаа владата да не воведува повторно ограничувања за црквите во услови на рекорден пораст на новозаразени од ковид-19. Кардиналот Винсент Николс рече дека е јасно дека големите простори како црквите „не се места каде што се шири вирусот”. „Искрено би ве повикал да не размислувате за повторно затворање на црквите и местата за молитва”, изјави надбискупот за Би-Би-Си.
„Мислам дека оваа земја покажа дека луѓето можат добро да просудат”, додаде тој. „Во моментов велиме дека можеме да го разбереме ризикот. Знаеме што треба да направиме. Повеќето луѓе се разумни и претпазливи. Не ни требаат построги прописи за да не научат што да правиме”, рече тој.
Дополнителни 122.186 лабораториски потврдени случаи на ковид-19 беа регистрирани во Велика Британија до 9 часот на Бадник, што е уште една рекордна дневна бројка, додека 137 луѓе починаа во рок од 28 дена од позитивното тестирање.