Поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, кој на функцијата беше во два мандати меѓу 2005 и 2015 година, почина на 92-годишна возраст, соопшти Кабинетот на претседателот.
Папуљас, кој исто така беше министер за надворешни работи од 1985 до 1989 година и од 1993 до 1996 година, беше висок член на социјалистичката партија ПАСОК и близок соработник на нејзиниот покоен лидер и поранешен премиер, Андреас Папандреу.
Претседателката Катерина Сакеларопулу му оддаде почит на Папуљас за неговата улога во отпорот на нацистичката окупација за време на Втората светска војна и против грчката воена хунта од 1967 до 1974 година.
„Неговото учество во националниот отпор и борбата против диктатурата ја одразува неговата континуирана посветеност на идеалите за слобода и правда, кои тој ги бранеше во текот на целиот свој живот“, вели Сакеларопулу во изјавата.