Претседателот на Бугарија, Румен Радев изрази сочувство за смртта на познатиот грчки државник и политичар Каролос Папуљас, кој беше претседател на Грција во периодот 2005-2015 година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев, истакна дека Папуљас ќе биде запаметен како големиот пријател на Бугарија, кој ги постави темелите на современите бугарско-грчки односи во тежок период на развој на двете соседни и пријателски земји.

Претседателот на Бугарија ги истакна и големите дипломатски способности на Папуљас, кои оставија светла трага во меѓународната заедница