Омикрон нема да ни ги расипе празниците, бранот ќе почнеме да го чувствуваме на 15 јануари, а сојот ќе стане доминантен до крајот на јануари, изјави на Нова ТВ професорот по математика Николај Витанов, јави бугарската новинска агенција БТА.

– Први што ќе ги доживеат ударите од овој петти бран ќе бидат матичните лекари и тие ќе бидат главните херои, бидејќи очекувањата се дека ќе има многу случаи, но нема да бидат многу тешки, истакна проф. Витанов.

Тој додаде дека потоа бранот ќе биде почувствуван и болниците, но одделенијата за интензивна нега нема да бидат толку преоптоварени.

– Се очекува здравствениот систем да се справи со петтиот бран, истакна проф. Витанов. Според него смртноста ќе биде неколку пати помала од моментално доминантниот сој, додавајќи оти веројатноста за заразување со сојот Омикрон е четири на 1.000, а актуелниот сој е 1,5 на 1.000.