Итно свикување на Консултативниот совет за национална безбедност кај бугарскиот претседател Румен Радев и средба со премиерот Кирил Петков поради исклучително тешката состојба со цената на струјата бараат работодавачите и деловните организации во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.
Во писменото барање за средба со бугарскиот претседател и премиер се вели дека мерките што ги предложи новиот министер за енергетика не функционираат во оваа ситуација. Според бизнисот, предлогот за плафон за компензација на трошоците за енергија ќе има катастрофални последици за бугарската економија.